По рекордно распродадените два концерта на мега популарниот безвременски Здравко Чолиќ кој доаѓа со симфонискиот концерт во Скопје, по шест години, неверојатниот интерес не само што не стивнува, туку барањата од публиката се уште поинтензивни, па така се организира и трет концерт.
Според организаторите, двата концерти за на 18. и 19. март се веќе распродадени, а уште еден е закажан за 21.март во Спортскиот центар „Јане Сандански“.
- Огромна благодарност и на беспрекорниот артист Здравко Чолиќ кој за оваа прилика го прилагоди својот распоред за да можеме со уште еден дополнителен концерт и тоа пред викенд, да возвратиме на барањата на сите оние кои за овој настан ќе допатуваат од други градови и земји, порачаа организаторите.
Влезниците за третиот концерт се пуштени во продажба.