Министерството за внатрешни работи информираче дека поднело кривична пријава против Г.В.(59) и Г.Е.(39) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Според информациите од полицијата пријавените на 08.09.2021 на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“, на излез од Република Северна Македонија, приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.