Скопјани возат со преголема брзина – полицијата не опростува, летаат казни

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 61 возач се движеле со поголема брзина од дозволената, 44 возачи биле исклучени од сообраќај од кои осум поради управување под дејство на алкохол, 23 без стекнато право на управување со моторно возило, шест возачи почетници...

Од сообраќај полицијата исклучила 20 возила и тоа три поради технички неисправност и 17 зашто не биле регистрирани.

Непрописно паркирани биле 234 возила, а пајак службата подигнала 73 возила.