Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден при засилени контроли на сообраќајот во Скопје, казни 196 возачи, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.