Скопјани уапсени за дрога, полицијата пронајде и лица кои се движеле со ножеви

Ноќеска по полноќ и вчера полицијата апсеше за дрога низ Скопје. Исто така, се апсеше и за поседување ладно оружје. 

- Денеска (11.02.2025) во 01.40 часот во село Глумово,скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(38) од село Глумово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

- На 10.02.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од полицијата. 

Ножеви биле пронајдени кај двајца скопјани. 

На 10.02.2025 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Д.(25) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. 

Денеска (11.02.2025) во 01.40 часот во Скопје, во село Глумово, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Ф.(47) од село Глумово, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.