Скопјани страв ги фаќа од загадениот воздух и кучиња скитници

Секој ден од почетокот на годинава, жителите на Скопје дишеле загаден воздух. Ова го покажува анализата на Министерството за животна средина. Континуираната 10-ет дневна загаденост е скоро една третина од предвидените 35 дена за цела година.

Според градските власти пак мерките придонесуваат во намалување на загаденоста. На почетокот од неделава градоначалникот Шилегов изјави дека амбиенталниот воздух во изминатите два месеца е помалку загаден во споредба со истите месеци од претходните две години.

Страв фаќа и од една друга појава во градов - кучиња скитници.Изминативе два месец нема ден, а  да не е регистирн напад од куче. Пред извесно време  кучиња скитници го пречекаа градоначалникот Петре Шилегов на кејот „Димитар Влахов“, поточно пред реновираниот Меморијален музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ. Таткото на градот објасни дека, иако во Скопје има кучиња скитници, сепак тие не напаѓаат никого, доколку не ги задеваш. „Започнуваме системски да го решаваме проблемот со цел со еден среднорочен рок Градот Скопје повеќе да нема проблем со кучиња скитници“, рече Шилегов.

Граѓаните по социјалните мрежи апелираат до луѓето кои имаат миленици да внимаваат дека насекаде се става отров, храна со игли шрафови.

Сега сите само зборуваат за кучињата. И пазете, зборуваат за кучињата, а не за каснатите деца и возрасни лица.

Последниот регистриран инцидент се случи вчера кога 57-годишниот Ѓ.Љ. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10 часот и 30 минути на Плоштад Македонија, додека поминувал со велосипед го нападнале неколку кучиња скитници.

Едно куче го каснало во пределот на десната потколеница, а друго во пределот на на левата нога.