Скопјани со порака до ЈСП: Џабе бесплатен превоз кога нема автобуси

ЈСП Скопје вчера објави дека ќе има бесплатен превоз поради загадувањето на воздухот во главниот град на Република Македонија, но веднаш граѓаните почнаа со поплаки во коментари на нивната објава на Фејсбук.

- А да ги засилите линиите попладне да не мрзнееме по автобуски пред некој ден 65 од Стајковци ја пишуваше дека тргнува 17.09 од Стајковци, значи до почеток на Ченто ѝ требаат 5 до 10 минути, а ние 45 минути чекавме. На крај дојде 65 Црешево, средете го возниот ред, џабе бесплатен превоз без автобуси, пишува еден граѓанин.

- Немате возила, кој превоз? Нема автобуси ни со пари, ни без пари, вели друг корисник на социјалната мрежа.

- Се угушивме, чекајќи ве. Од утре возење на кров оти внатре нема место, луѓето стојат еден врз друг, се вели во друг коментар.