Скопјани се жалат: Парно има само одредено време од денот

Од 15 октомври официјално почна грејната сезона која ќе трае до 15 април идната година.

Иако официјално започна грејната сезона, многу скопјани немаат по цел ден топли радијатори. 

-Имаме парно само наутро, а во текот на денот собите се студени. Дома имам деца едно од шест месеци и друго од три години. Бидејќи морам да имам греење, јас вклучувам и дополнителни грејни тела, вели Марко од Скопје. 

-Ние со сопругата сме пензионери, возрасни луѓе. Не можеме многу да се движиме, а парно нема во текот на целиот ден. Не знам, или да добиеме парно, или ќе го прекинеме договорот. Во целата населба е така, вели чичко Гоце. 

Скопјани се жалат, бараат радијаторите да им бидат топли во текот на целиот ден, бидејќи редовно си ги плаќаат сметките, кои воопшто не се мали, а плус имаат и дополнителни грејни тела. 

Според правилата, радијаторите треба да греат од 6 до 21 часот, но само само ако три дена последователно во 21 часот температурите паднат под 12 Целзиусови степени.
 

cheap nike free run 5.0