Скопјани се заштитуваат од загадениот воздух - во аптеките недостасуваат маски

Граѓаните на секаков начин се обидуваат да се заштитат од загадениот воздух во главниот град. Во последните неколку денови нивото на штетните ПМ10 честички во воздухот во повеќе скопски населби беше и до 10 пати над дозволеното.

Како една од начините за заштита граѓаните ги користат маските со активен јаглен. Најевтините се 140 денари и нивниот рок на употреба е 120 часа,  а во една од аптеките може да се најдат маски и за 900 денари.

Од аптеките изјавуваат дека деновиве маските се трошат многу бргу и дека ги потрошиле резервите. 

Според најновите податоци објавени на веб-страницата на Министерството за животна средина утринава најзагадено е во Центар, Карпош и Миладиновци. Високо загадување има во Лисиче и Гази Баба.