Скопјани се уште чекаат - уште неколку дена ќе мора сами да се справуваат со наездата од комарци

Граѓаните уште неколку дена ќе мора сами да се справуваат со наездата од комарци.

Градоначалникот Шилегов соопшти дека најдоцна до денеска ќе биде потпишан договор со избраните добавувачи на соодветните препарати, со што ќе се создадат и правни услови за почеток со дезинсекцијата. Доколку дозволат временските услови, претстојниот викенд во Скопје конечно ќе почне прскањето против инсекти.

Град Скопје годинава доцни со спроведување на вообичаената авионска и терестрична дезинфекција против инсекти. За ваквата ситуација скопскиот градоначалник досега се правдаше со штетноста на претходно набавените препарати за прскање, кои не биле проверени од министерството за здравство.