Скопјани се тепале поради долгови

Синоќа во полиција било пријавено дека на улицата Малешевска дошло до тепачка помеѓу две лица.

Полицијата соопшти дека се работи за скопјани на возраст од 24 и 32 години, кои се степале поради должничко доверителни односи.

Сочинети се записници за констатиран прекршок.