
Од утринава започна испораката на топлинска енергија за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје.
Од АД ЕСМ информираа дека поради пониските температури и исполнетите услови за вклучување на системот, греењето е активирано пред официјалниот почеток на грејната сезона 2026/2027 година.
Грејната сезона официјално требаше да започне на 15 октомври, но прогнозите за пониски температури овозможија парното да биде пуштено порано.
Од компанијата потсетуваат, граѓаните да ги проверат радијаторите и инсталациите во домовите и доколку забележат протекување или дефекти, навреме да ги пријават.