Скопјани се разбудија со парно и ниски температури

Од утрово радијаторите шират топлина бидејќи ЕЛЕМ и БЕГ решија да ја почнат грејната сезона една недела порано.

Поради падот на температурата РКЕ дозволи старт на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15. октомври .

Од денес со топлинска енергија ЕЛЕМ ќе снабдева 3.546 домаќинства, 17 воспитно-образовни институции односно основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Од БЕГ во моментов во околу 200 објекти потрошувачите и заедниците на станари сè уште не ги исполноле своите обврски, односно не се обезбедени бараните услови за навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија.