Скопјани револтирани поради сообраќајниот хоас: Со часови патуваме од работа до дома

Сообраќајот низ центар веќе две недели е целосно запрен во најударните термини кога граѓаните од работа одат дома, поради затворањето на булеварот пред Собрание на РМ за време на протестот на дваесетмина приврзаници на движењето “Македонија бојкотира”.

Граѓаните се револтирани и коментираат дека сообраќајниот хаос во Скопје е како оној што на телевизија го гледаме во Индија, Пакистан или во некоја африканска држава

Центарот на Скопје речиси две недели е во сообраќаен хаос откако клучните сообраќајници за време на шпицот во денот се практично блокирани. Возилата се движат отежнато, а возачите се нервозни, а сето ова поради протестите што секојдневно се одржуваат пред Собранието на Република Македонија.

Од 1 декември приврзаници на движењето “Македонија бојкотира” стационираа шатори покрај тротоарот во паркот Жена борец и секојдневно одржуваат протести. Со што сообраќајот е или целосно запрен во најударните термини кога граѓаните од работа одат дома, па се пренасочува од улицата низ центар кон околните сообраќајници, или пак, слободен за возење е еден правец од булеварот пред Собрание и протокот на возила е крајно отежнат.

Во средата, пак, сообраќајот и по околните улици и булевари беше буквално запрен. Овој пат, не беше блокиран булеварот пред шаторите туку делот помеѓу раскрсниците кај Градска болница “Св. Наум Охридски” и онаа кај Црвен крст. Групата граѓани кои протестираа ни рекоа дека протестот им бил најавен во МВР и тоа да се одвива на четири локации со цел да поттикнат и други да дојдат и да им се приклучат. Сообраќајот дополнително беше отежнат и поради протестот на приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, кои од партиското седиште на улица “Даме Груев” се движеа до булеварот “Илинден” до пред Влада. На крај со метежот не можеа на крај да излезат и сообраќајците на крстосниците кај зградата на “Нова Македонија”, “Палома Бјанка”, Црвен крст, “Мавровка”, “Веро центарот”, кои се обидуваа да ги насочат реките возила.

– Кога на телевизија гледав хаос во сообраќајот во Индија, Пакистан или во некоја од африкансјите држави, ни на крај памет не ми паѓаше дека и ние, во Скопје ќе се најдеме во исто дереџе. Ама ова кај нас некој тоа го дозволува. Срамота е десет-дваесет луѓе да го тормозат цел град – вели револтирано Славе. П.

– Се качив на автобус “23” кај Цветниот пазар во 16 часот и 15 минути, а во Ново Лисиче пристигнав во 17:20 часот. Цел час автобусот лазеше низ центар. Со нас беше заглавено и едно возило на Брза помош. Страшно е и неиздржливо е блокирањето на сообраќајот во работни денови, а протестантите најавуваат дека ќе протестираат најмалку до Нова Година – вели Цеце Б.

Од МВР секојдневно ги информираат граѓаните за најавените протести и оттаму велат дека не можат ништо да направат поради блокадите бидејќи правото за мирен протест е загарантирано со закон ако тоа го прават повеќе од 20 граѓани.
Освен тренирање на нервите на граѓаните, закрчениот сообраќај има и економски и еколошки последици. Со возењето тргни-застани и работа на моторот во место, се троши повеќе гориво што удира по џебот на граѓаните. Исто така, трошок за државата е ангажирањето на полициските службеници. За илустрација, ако еден извршител побара асистенција на полицаец при заплена на недвижен имот, тоа ќе го чини 6 евра на час.

Истовремено. гасовите од возилата уште повеќе го загадуваат воздухот во Скопје и многу придонесуваат македонската метропола речиси постојано да биде на врвот на листата на најзагадени градови во светот. Студијата на МАНУ “Транспортот во Скопје – реалност и предизвици” што неодамна беше презентирана во Град Скопје покажа дека возилата најмногу го загадуваат воздухот кога работат во место и кога тргнуваат со движење.

new nike air max 2019