Скопјани револтирани од ЈСП: Однапред плаќаме билети, а добиваме лоша услуга!

Скопјани секој ден се повеќе се жалат од услугите на ЈСП. Плаќаме, но не добиваме услуга каква што треба, се жалат тие. 

Како и секоја година во летниот период, така и оваа, ЈСП има редуцран возен ред, поради летнот распуст на учениците. Од таа причина, секој автобус е полн со патници и тоа на температура над 30 степени. Куп луѓе чекаат на постојите, а во автобусите еден врз друг. 

Од ЈСП велат дека ова не е новина и дека секое лето е така, а плус причина за дополнителна гужва во автобусите е тоа што градот постојано се шири. 

-Секој ден е една иста слика. Доаѓа автобус кој веќе е полн, твое е да одлучиш дали ќе се качиш во него или ќе чекаш следен и ќе доцниш на работа, вели скопјанка која секој ден патува со ЈСП. 

Уште еден проблем со кој се соочуваат патниците е климата. Во некои автобуси воопшто нема клима, а во некои има, но возачите не ги пуштаат, бидејќи така штедат на гориво. И покрај целата таа агонија се редовно се случува и да се расипе по некој од автобусите, па патниците да се најдат на сред пат.