
Долгото чекање на касите во „Веро“ предизвика реакција на социјалната мрежа X, каде корисничка побара маркетот да воведе самонаплатни каси по примерот на „Тинекс“.
„Веро 2, или откупете ги самонаплатните каси од Тинекс или затворете. Дали во осум наутро или попладне, 20 минути се чека на каса. Тие на каса како од забавен филм. Необучени доволно и луѓе кои едноставно не се за на каса во Веро“, се наведува во објавата.
Веро 2 или откупете ги самонаплатните каси од Тинекс ило затворете. Дали 8 сабајле или попладне 20 мин се чека на каса. Тие на каса ко од успорен филм. Необучени доволно и луѓе кои едноставно не се за на каса у Веро.
— Diogenes (@DiogenSoLampata) July 31, 2026
Во коментарите, дел од корисниците оценуваат дека проблемот е во недоволната мотивираност на вработените, бавниот софтвер и недостигот од технолошко унапредување. Според една од реакциите, „Веро“ нема значаен технолошки напредок повеќе од десет години, а за разлика од други маркети, производите сè уште се мерат на самата каса, што дополнително го забавува процесот.
Авторката наведува дека го избегнува „Веро“ и дека подобро искуство има во другите маркети на синџирот, меѓу кои оние во „Дајмонд“, „Веро Џамбо“, ГТЦ, кај АМСМ и во Кисела Вода.
Очигледно на тој што одлучува. Тие на каса толку можат.
— Diogenes (@DiogenSoLampata) July 31, 2026
„Тој што одлучува е виновен. Златна кокошка, но не е способен да оди напред“, напиша таа во една од дополнителните реакции.
Еве сум во Веро на каса. Од прееска. Овие пред мене се запознаваат, слатки се. Сеа ќе почнат да си трепкаат овој ќе ја запроси ќе свртиме оро она ќе остане трудна ќе се породи детето ќе тргне у школо и сум дошла на ред.
— Ina (@mnogufina) October 3, 2019