Скопјани реагираат: Велосипедите ни ги крадат и од пред влезните врати

Во Скопје привршува „Европска недела на мобилност” - кампања која на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември, а има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето, велосипедизмот...

Радува фактот што има се поголем број на скопјани кои го избираат велосипедот како превозно средство, но останува поразителен фактот што често се случуваат кражби на овие превозни средства, кои, за жал, не секогаш се расчистуваат.

Скопјани на социјалните мрежи споделуваат искуства дека велосипедите им ги крадат врзани, дури и од пред сопствената влезна врата од домот. 

-Без оглед дали станува збор за стар или нов, за скап или евтин велосипед, инсиситираме да расчистуваат кражбите на велосипедите доколку се случат, порачуваат велосипедистите.

-Запишете го серискиот број на својот велосипед веднаш штом го купите. Серискиот број е напишан на рамката од долната страна. Исто така , добро е да оставите некој свој знак на самиот велосипед како полесно и сами би можеле некаде да го препознате и да го пријавите во полиција. Сочувајте ја и сметката и фотографирајте го велосипедот, по можност од повеќе позиции, предупредуваат тие со цел полесно пронаоѓање на украдениот велосипед. .

Возењето на велосипед, или велосипедизмот, како алтернативно превозно средство носи со себе многубројни бенефити,- персонални, економски, социјални, еколошки и многу други.

Инаку голем број на градови во регионот воведоа можост граѓаните да го регистрираат својот велосипед и на тој начин да овозможат негово полесно пронаоѓање во случај на кражба.