Скопјани реагираат: Нема автобуси, нема вода, сега нема парно!

Скопјани реагираат дека се без парно од утрово. 

Парно греење речиси и да нема во делови од скопските населби Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец, но и во други населени места. 

Од „ЕСМ снабдување со топлина“ информираа дека, поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа, е намалена испораката на топлинска енергија.

„Екипите на ‘Дистрибуција на топлина’ се на терен и активно работат на изолирање на проблемот со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовното снабдување со топлина до потрошувачите“, информираат од ЕСМ. 

Родителите во повеќе општини добија повик од училиштата и градинките да дојдат да си ги земат децата, бидејки немаат парно греење.