Скопјани реагираат на работата на Ветеринарната амбуланта во Автокоманда - ќе преземат ли надлежните мерки?

Вчера Скопје Инфо објави потресна исповед на Горан од Скопје во која тој реагира на услугата која ја добил во Ветеринарната амбуланта во скопската населба Автокоманда. Неговото милениче за жал повеќе не е живо поради лошиот однос и негрижата на ветеринарните доктори во оваа скопска ветеринарна амбуланта.

По ова на социјалните мрежи скопјани реагираат споделувајќи слични искуства од оваа ветеринарна ординација. Дискусија на оваа тема се разви и во групите каде членовуваат љубители на домашни миленичиња. На двете места искуствата се слични. Дискусијата се сведува на тоа дека услугата е катастрофална, докторите непрофесионални и граѓаните прашауваат дали надлежните инситутиции ќе преземат нешто околу ова.

Елена Максимова на оваа тема вели: Приватната автокоманда се ужас тое е објектот лево од влезот. Моето куче го оперираа и за малку ќе умреше од нивната нестручност и одвратен однос. Среќа после ја однесовме во автокоманда ама универзитетска право од влезот и на крајот десно каде се прекрасни ветеринари стручни одличен однос и после сите маки на кучето откако они ја средија не се познава ни дека била оперирана. Така да топло ви ги препорачувам а приватната никако тие се касапи а не ветеринари.

Искрено сочувство за миленикот.Сфаќам затоа што и јас чувам и куче и маче.Но колку што разбрав,ветеринарот се направил за да го излечи кучето.Единствено не бил љубезен.Дали љубезноста е лек,чудо,живот?Ако е така,нека оди сопствеников-Горан на онкологија и со љубезност нека ги лечи пациентите. - напиша Горан Петков.

Се што кажа човекот е чиста вистина. Истиот случај е и кај мене. Оперирана Шарпланинка, велат за 2-3 дена ќе стане на нозе. За 2-3 дена кучето беше на нозе, ама умрено. - коментира Далибор Петковски на Фејсбук. Точно е. Не сакаат да ги погледнат животните. Воопшто не прават прегледи - додава Ванче Митевски.

Соглано законот, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е самостоен орган на Владата на Република Македонија надлежна за вршење на работите од областа на безбедноста на храната и храната за животни, спроведување, контрола, надзор и следење на ветеринарните активности во областа на здравствената заштита на животните, нивна благосостојба, ветеринарното јавно здравство, како и контрола на националните референтни и овластени лаборатории кои даваат соодветна поддршка за потребите на Агенцијата.