Мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека Македонија повторно се гуши во загаден воздух.
Првиот човек на Град Скопје вели дека досега се преземени 27 нови мерки за подобрување на состојбата со загадениот воздух. Тој очекува дека еколошката категоризација на автомобилите ќе ги даде потребните резултати.
Еко – налепниците за квалитетот на издувните гасови на автомобилите се насочени против средната класа и сиромашните граѓани во нашата земја реагираат од ВМРО ДПМНЕ, и бараат веднаш да се стопира овој проект.
Пред два дена од Владата информираа дека за подобро спарвување со загадувањето ќе се воведуваат еколошки налепници во црвена, жолта и зелена боја, во зависност од емисијата на издувни гасови и од погонот на моторното возило.