Скопјани раскажуваат за Арапски Емирати: Брзо заработуваме, но ни недостига животот во Македонија

Борба за егзистенција, успех во кариерата, брза заработка, па се до уживање и лудување во младите години. Ова се најчестите причини поради кои се ноголем број Македонци заминуваат на работа во странство. Една од дестинациите кои се број еден за македонските иселеници се земјите од Емиратите, или најмногу во Дубаи и Абу Даби.

Работното искуство е клучно за успехот

Интересна е и приказната на 31-годишниот Димитар. Н.  од Скопје кој две и пол години работи во Абу Даби како проект-инженер во интернационална компанија. Тој вели дека од оваа гледна точка, не размислува да се врати во Македонија бидејќи условите што ги има тука, пред се за професионален напредок, ги немал во Македонија.

- Пред да ја напуштам Македонија имав одлична работа која ја добив четири месеци пред да дипломирам, односно работев инженер во една скопска фабрика. Тука имав одлично работно опкружување и плата за која многу македонски граѓани можат само да сонуваат, но се случи пресврт. Добив понуда за работа во Абу Даби. Сепак, правилата во арапските земји се многу строги, посебно за странци, а ако не ти се допаѓа нешто или мислиш дека ти е скратено некое право тогаш само ќе ти го дадат пасошот и ќе те вратат таму од каде што си дошол. Оваа работа како проект-менаџер во компанијата која ја работам сега ја сакам и не би ја менувал за ништо барем во наредните 10 години. Ми се допаѓа атмосферата за работа, но и предизвиците што ги носи секој нов ден. Платата е одлична, а истото важи за секој инженер, доктор, правник, а особено за оние кои имаат над 10 години работно искуство, бидејќи висината на платата зависи од работното искуство. Со над 10-годишно искуство платите за инженерите се движат од над 7.000 до 8.000 евра во зависност од компанијата и секако од земјата од која доаѓаш. За нив Дубаи не е земјата во која ќе се борат за да успеат во животот, туку нивните животи се во рацете на Арапите. Тие живеат во пустината, спијат на отворено и на под во оваа "најбогата земја во светот". Тие буквално го изградија ова место, ја изградија оваа империја и гламур кое е мамк адури и за најрезервираното човечко око, објаснува стјуардесата, објаснува Димитар.

Тој објаснува дека со просечна плата во Абу Даби можеш да си дозволиш скоро се, и на крајот на месецот пак да имаш добра заштеда. Позитивно е тоа што тука имаш можност да видиш и искусиш работи кои не можеш да ги видиш на ниту едно друго место во светот, посебно не во Македонија.

-Негативно е тоа што земјата е конзервативна, ми смета тоа што не можам да седам слободно на плажа и да пијам пиво. Тука е забрането да бакнеш девојка на улица, нема многу движење по улиците, нема блиски дружби како во Македонија, вели скопјнецот.

Напорната работа се цени и наградува

За 30-годишната скопјанка Дијана, причината за заминување на работа во Емиратите била желбата за професионален успех, и секако за поголема заработка. Таа живее во Абу Даби скоро осум месеци и за ова кратко време може да се каже дека успеала да се снајде и да се прилагоди на начинот на живот.

Таа вели дека оваа работа и била лесна и многу брзо напредувала, но бидејќи целта и била да напредува во кариерата, таа веднаш се посветила да најде нова работа.

-Решив да заминам од Македонија затоа што во мојата земја, мојот труд не беше доволно ценет, заради тоа што колку и напорно да работиш, не можеш да успееш и да напредуваш. Тука може да се сконцентрираш на многу други работи, пред се на кариерата и на проаѓање на самата себе. Дојдов прво во Дубаи без претходно да имам некоја идеја или план како ќе најдам работа и како ќе се снајдам. На почетокот имав пријатели кои ми помогнаа да најдам работа. По кратко време, најдов, но не во Дубаи, туку во Абу Даби. Иако имав големо работно искуство во Македонија во маркетинг индустријата, сепак на почеток веднаш не најдов работа според мојата професија и почнав да работам во продажба во Манго, раскажува Дијана.

-Три месеци подоцна најдов работа во маркетинг секторот на интернационална компанија Канадски медицински центар во Абу Даби и од тогаш работите го фатија вистинскиот правец. Искуството стекнато во Македонија многу ми помогна во тоа. Жал ми е што морав тоа знаење кое го стекнав во Македонија да го користам во друга држава и да придонесувам за успехот на некоја друга странска компанија, далеку од дома, вели таа.

Според неа, на почетокот платата што се заработува, со оглед на трошоците за живот во Абу Даби е пристојна, не е голема, но ги покрива сите трошоци, без да мислиш дали ќе го поминеш месецот

Плата за келнерки и собарки од 500 до 700 евра

Најголем дел од работните позиции за кои се бара работа во Дубаи се за келнери, шанкери, собарки, продавачки, со договор за работа од две години. Но голем дел од нив остануваат да работат и подолго. -Платите се движат од 500 до 700 евра, а таму е обезбедено сместување и храна, што значи дека платата останува чиста. Во зависност од работната позиција и од работното искуство некаде платата достигнува и до 1.500 евра.