Скопјани подгответе се! Попладнево ќе се знае колку ќе чини парното од август

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење во Скопје која ќе важи од 1 август.

На прес-конференцијата, закажана во 13 часот, ќе се обрати претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кој ќе ги презентира одлуките од денешната седница во врска со цената на топлинската енергија.

– Денес е закажана главна седница на која ќе се најдат предлог-одлуките за цените на топлинската енергија во Градот Скопје. По седницата, претседателот Бислимовски ќе ја информира јавноста за донесените одлуки. Новите цени ќе бидат на сила од 1 август, изјави за МИА портпаролката на РКЕ,  Марина Узнов.