Скопјани побрзаа да го видат „Зимзоленд“, но не сите се задоволни од атмосферата

Предновогодишно, голем број скопјани изминатиот викенд побрзаа на „Зимзоленд“ што се одржува на паркингот пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.

„Зимзоленд“ ќе трае до 19 јануари, а организаторите - Здружението за организирање настани „Зимзоленд“,  најавуваат повеќе музички настани за сите возрасти, „свирки“ во живо, настапи на диџеи и тематски вечери како што се латино хип-хоп вечери и караоке шоу.

Најмногу радост на младите им донесоа лизгалиштето и забавниот парк со неколку адреналински реквизити. 

Сепак, не на сите им се допадна овој предновогодишен концепт во главниот град.

Еве ги реакциите на социјалната платформа „X“: