Скопјани по 26-ти пат заеднички ќе го прослават Бадник

Во организација на „Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник“, Скопјани по 26-ти пат ќе го прослават Бадник.

Од Здружението информираат дека се направени сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата, а на 13 декември 2017 година ќе бидат претставени кумот и здравичарот за Бадник 2018.

Традиционално, на 24-ти декември од падините на Водно на скопјани ќе им биде соопштено дека се е подготвено за централното одбележување на Бадник, на шести јануари на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Кумот за Бадник 2018 со пајтон ќе замине со преодниот ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.