Скопјани пијат квалитетна вода за пиење

Водата што тече во цевките на ЈП „Водовод и Канализација“ е безбедна и квалитетна за пиење. Покажаа анализите на примероците вода испитани во лабораторијата на Секторот за санитарна контрола.

– Центарот за санитарна контрола во периодот од 30 декември до 4 јануари зема 110 примероци за физичко-хемиска и 110 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во Градот Скопје. Сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весникна РМ, бр.183/18) – информираат од ЈП „Водовод и Канализација“.