Скопјани пијат чиста и квалитетна вода

Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, информираат од ЈП „Водовод и Канализација" – Скопје.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 13-17 септември 2021 земал 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.