Скопјани нудат сместување за семејствата на повредените

Граѓаните на социјалните мрежи масовно нудат сместување за членовите на семејствата на повредените во автобуската несреќа.

-Живеам во близина на 8ми Септември, доколку на членовите од семејствата на повредените им треба престој или било што, стојам на располагање, пишува на Фејсбук, Анита Христовска

Сочувствувајќи со болката на настраданите, загинати и повредени, голем број луѓе ги ставаат своите телефони и адреси и нудат сместување во близина на градската болница, топли оброци, но и дарување крв.