Скопјани не го почитувале полицискиот час, охриѓани не носеле маски

Скопјани се најнедисциплирани во почитување на мерката на ограничување на движењето, Министерството за внатрешни работи регистрирало дури 103 прекршување на полицискиот час во изминатото деноноќие што претставува скоро половина од вкупниот бројка. Најголемиот дел од нив се на територија на општината Чаир, а потоа следуваат Центар и Ѓорче Петров.  Според информацијата на Министерството за внатрешни работи полицијата констатирало вкупно 203 прекршувања на територија на целата држава.

Во однос на непочитување на уредбата за носење маски на територија на Скопје во изминатите 24 часа констатирани се вкупно 23 прекршоци. Најголем број прекршување на оваа уредба е констатирана на територија на СВР Охрид каде се утврдени 126 прекршувања.