Скопјани конечно ќе се спасат од досадните комарци - Шилегов за следниот викенд најави прскање

Скопјани конечно ќе се спасат од досадните комарци. Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов најави прскање против комарци следниот викенд во Скопје.

Иако постапката за јавни набавки е почната уште од 19ти февруари, прскањето доцни поради процедурални причини.

Градоначалникот Шилегов денеска информираше дека доколку се одбие жалбата на седница на Советот на Град 

Скопје, нема да има проблем за спроведување на постапката.

„Жалбената постапка е во тек, ќе биде предмет на обработка на соодветната комисија на седница на Советот на Град Скопје во среда. Доколку биде одбиена жалбата, очекуваме наредниот викенд да биде прскано против инсекти.“ - вели Шилегов.