Популарниот српски турбо фолк пејач Аца Лукас ќе прави голема предновогодишна забава во Скопје, во ВИП Арена Борис Трајковски. Настанот ќе се случува на 29-ти декември, а покрај Лукас, пред публиката во Скопје ќе настапат и Милица Павловиќ и Пеѓа Меденица, дознава Фокус

Од организацијата ветуваат забава во траење од четири часа, со најголемите хитови на турбо фолк ѕвездите.

-На два дена пред дочекот на новата година, ВИП арената Борис Трајковски во Скопје, ќе биде местото на најголемата балканска журка во регионот. На 29-ти декември, со почеток во 20 часот, на една сцена и во една вечер ќе се појават Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеѓа Меденица. Со повеќе од четири часа забава, на сцената во Борис Трајковски ќе се нижат најголемите балкански хитови на овие големи музички имиња. На овој концерт, прв пат во живо Аца Лукас и Милица Павловиќ ќе го изведат својот сега веќе голем хит „Кидаш ме“. Репертоарот на Лукас е веќе добро познат. Павловиќ пак, прв пат ќе настапи пред македонската публика на ваков голем и спектакуларен концерт. И таа и Пеѓа Меденица им се добро познати на македонските фанови со оглед на честите настапи низ македонските дискотеки. Сега и двајцата, ќе имаме можност да ги видиме на голема концертна сцена – информираат организаторите, Балканска музичка продукција.

Билетите се продаваат по цени од 400, 500, 600 и 900 денари за ВИП блок.