Скопјани ќе добијат нов, модерен и реконструиран булевар

Наскоро се очекува да финализира реализацијата на една важна инвестиција во Аеродром која се одвива повеќе од две години. Граѓаните на Аеродром и на Скопје добиваат нов, модерен и реконструиран булевар „Васко Карангелевски“, проект кој се реализираше со средства на градот Скопје, но со сериозна поддршка, високо ниво на одговорност и соработка на општинските служби во Аеродром, соопшти првиот човек на општина Аеродром Тимчо Муцунски. 

Тој потеницра дека во општина Аеродром нема чекање за одговор на барање, нема одолговлекување на предмети и постапки и нема и не смее да има опструкција на барањата кои се доставени од другите општини, вклучително и градската администрација на Градот Скопје.

-Тоа што не прави различни се високото нивото на одговорност и нашите заложби за исполнување не ветувањата кои ги даваме пред граѓаните. Овој проект значително ќе го подобри сообраќајот во општината, но и ќе влијае на подигнување на безбедноста. Се радувам на сите нови инвестиции во Аеродром и верувам дека финалното сообраќајно решение ќе биде добра причина граѓаните да заборават на проблемите кои произлегоа од рекордно долгата реализација на овој проект, вели Муцунски.