Скопјани ќе добијат автоматска перална за автомобили во катната гаража „26 Јули”

Скопјани оваа година ќе добијат автоматска пералница за автомобили. Станува збор за планирана капитална инвестиција на ЈП ”Градски паркинг”, а е предвидено со Инвестициската програма што денеска беше на одобрување од советниците во Град Скопје.


– Автопералната ќе биде со систем на самоуслуга и се предвидува да биде поставена во вториот подземен кат на катната гаража “26 Јули”. Со ова претпријатието ќе ја прошири својата дејност и ќе понуди уште еден вид нова услуга која е тесно поврзана со организацијата и утврдувањето на сообраќајот во мирување во главниот град – стои во образложението на програмата.