Скопјани изненадени: Убав настан се случуваше на скопскиот кеј!

Во текот на изминатите неколк денови кејот на Вардар стана театарска бина за низа скаменети изведувачи како дел од новото издание на “Статуа фест - другото лице на улицата”, оваа година под мотото “Скопје на улица”.  Веста на својата фејсбук страна ја сподели градоначалникот Петре Шилегов. 

Скопјани беа изненадени и на социјалните мрежи споделуваа фотографии со изведувачите кои беа дел од фестивалот. 

Сите минувачи кои во тој период се движеа долж кејот имаа прилика да уживаат во фантастичните перформанси на изведувачите, кои настапија како дел од концептот кој имаше за цел да ги прикаже сите оние секојдневни навики на скопјани.

Чекор по чекор. Скопје една поинаква приказна, напиша Шилегов на фејсбук. Целата галерија погледнете ја тука