Во вториот круг од локалните избори се гласа и за избор на градоначалник на Градот Скопје и на скопските општини Центар, Карпош, Чаир и Шуто Оризари.
На ниво на Град Скопје запишани во Избирачкиот список, според податоците од веб страната на Државната изборна комисија, се 467.373 гласачи на 685 избирачки места.
Во Центар запишани во Избирачкиот список се 43.951 гласач на 78 избирачки места.
Во општина Карпош на 74 избирачки места право на глас имаат 54.639 гласачи запишани во Избирачкиот список.
Во Чаир со право на глас се 58.208 избирачи на 86 избирачки места.
Во Шуто Оризари има 24.230 запишани избирачи во Избирачкиот список кои треба да гласаат на 36 избирачки места. Во оваа општина на едно избирачко место ќе се прегласува првиот круг од изборите за членови на совет.
Во првиот круг на локалните избори на 17 октомври градоначалници добија општините Сарај, Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел и Гази Баба.