Скопјани гласаа: Кои се најдобрите места за ручек, пиво и бургер во Скопје?

Скопјани минатата недела на инстаграм гласаа за најубавите места за кафе, пица и коктели во Скопје, а викендов гласаа и ги избраа локалите за ручек, бургер и пиво.

Поради големиот интерес и одзив помеѓу инстаграмџиите гласањето овој пат се одвиваше во три фази. Во првата фаза инстаграмџиите ги предлагаа своите омилени места за ручек, бургер и пиво. Во оваа фаза беа пријавени повеќе од стотина локали.  Во втората и третата фаза преку анкета скопјани гласаа и ги избираат најдобрите. Во сите три категории вкупно беа собрани повеќе од 2500 инстаграм гласови. 

Во категоријата најдобро место за ручек победи ресторанот Скопски мерак, најдобар бургер има во Рустикана, а најдобро пиво се пие во Центар Бар.

Ваков, сличен натпревар веќе подготвуваме за следниот викенд. Доколку сакате вашиот избор да победи или да гласате за омилениот локал следете го инстаграм профилот на Скопје Инфо. Освен тоа, таму може да ги најдете и најубавите фотографии од метрополата.