
По топлотниот бран и температурите над 40°C, скопјани конечно здивнаа – со пролетни јакни и отворени прозорци. Денеска се очекува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина од над 60 км/ч. Минималната температура ќе се движи од 7 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.
Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Што не’ очекува понатаму?
Во наредните денови времето ќе остане стабилно – сончево со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневните температури.
Враќањето на летото е извесно, но засега, ќе уживаме во барем неколку нормални денови.