Скопјани добија ново место за одмор и прошетки - Уреден е локалитетот „Крст“ во Кучково

-Се е подготвено за користење на новата урбана опрема на локалитетот „Крст“ во Кучково. Денеска е извршен технички прием. На лице-место се уверив во квалитетот на изведените работи. Поставени се светилки и урбана опрема, а еко-училницата за настава во природа е веќе подготвена да ги прими првите ученици, соопшти денеска првиот човек на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски. 

 Партерно е уреден јавен простор на површина од 5.456 m² - амфитеатар што зафаќа вкупна површина од 322м2, две платформи - вкупната површина што ја покрива платформата 1 е 374 м2, а платформата 2 е 263 м2, монтажни (2 женски, 2 машки и 1 тоалет за лица со посебни потреби), хортикултурно уредување кое ќе се простира на површина од вкупно 1.750,00m2, урбана опрема, пешачки патеки (и адаптација на постоечка) - вкупна површина покриена со сите три пешачки патеки = 2.717m2 и осветлување со ЛЕД светилки.

-Вкупен буџет за проектот е 4.375.761,00 денари, од кои 4.247.773.35 се грант средства од Светска банка и ко-финансирање од буџет на општина Ѓорче Петров во износ од 127.987,65МКД

- Населеното место Кучково во изминатата година преку реализација на повеќе проекти доби целосно нов современ и урбан лик и стана атракција за скопјани. Успеавме да санираме и решиме децениски проблеми, меѓу кој и водоснабдувањето. Обезбедивме двојно повеќе вода од потребите на селото, соопшти градоначалникот.