Скопјанецот Војо остави сѐ и замина да ги чува носорозите во Африка (ФОТО)

Во светот на животните сум од кога знам за себе. Чувам животни од кога паметам за себе. Чував риби, желки, папагали. Носев кучиња и мачки од улица и ги чував дома. Во тинејџерските години почнав да чувам егзотични рептили и еве ме 15 години подоцна, сè уште чувам и размножувам.

Вака во едно интервју се опишува себеси Војо Иванов, кој сега ја има честа да им прави друштво на уштепоегзотични животни. Од неодамна овој млад скопјанец е  дел од светската организација за заштита на животни АСПКА, која во заштитена зона во Национален парк во Јужна Африка, штити носорози од ловокрадци.

Негово задолжение е да ги храни бебињата носорози кои останале без мајките кои ловокрадците ги убиле.

Војо, кого го знаеме и по неговиот хотел за миленици „ЗОО аквариум“, отсекогаш имал слабост кон загрозените видови на животни и може да се каже дека во Африка го живее својот сон.