Скопјанецот Пино го нема веќе 20 дена, мајката бара помош од сите граѓани (фото)

На дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо- Пино веќе 20 дена му нема траг. Тој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навачер.

Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода" со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија.

Мајка му на Фејсбук пишува дека нејзиното дете го нема 19 дена моли за помош но и обвинува: „19 дена како нема траг од моето дете. Излезено е од дома 10 декември 2018 година, со „Шкода фабија", бела боја.

Снимено последен пат на видео камерата на излез од Ѓорче Петров на раскрсницата пред Сарај. МВР работи, единствено што знам. Нема трага од колата, нема трага од телефоните. Да беше игла на некој министер до сега ќе го најдеа", пишува мајката.