Зоран и Маја се во брак 25 години, но немаат деца. Тие стапиле во брак уште додека биле тинејџери. Зоран работи во АРМ, а Маја е наставничка по македонски јазик. Велат дека финансиската ситуација им е стабилна, со оглед на тоа што имаат редовни примања. Но, како што раскажуваат парите им се залудни кога станот им е празен.

Чисто и средено. Се е на свое место. Подот е секогаш исчистен. Гарнитурата е исто така чиста. Секое парче си има свое место. На мебелот и на комодата нема дамки, нема расипано млеко. На комодата и на телевизорот нема нацртано прсти. Домот е секогаш чист, паричникот е секогаш полн, но срцето и душата се празни. Вака ја почнува својата приказна овој брачен пар.

-Кога решивме за бидеме во брак, сопругата студираше, а јас работев. И од тогаш постојано се обидувавме да имаме деца. Но, се беше залудно. Нема каде не отидовме. И тука во Македонија и во странство. И по бајачи. Со една огромна желба – да станеме родители. Но, за жал Господ не ни ја даде таа можност, вели Зоран.

Овој брачен пар со години се обидувал да добие дете. Никогаш не се откажале. Секој ден живееле со надеж дека еден ден тоа ќе стане реалност.

-Сега веќе сме возрасни. Да сме помлади приказната ќе беше друга. Ќе можевме да аплицираме за посвојување на дете или пак денеска медицината е напредна за вештачко оплодување. Ние сега имаме речиси по 50 години. Времето оди, а нашата желба не се исполни, вели тој.

И што ако имаме доволно финансии за да живееме. Што ако имаме убав и среден стан. Што ако имате скап и убав автомобил, кога нема кој да ужива во тоа. Кога нема кој да те прегрне кога ке дојдеш од работа. Кога нема кој да те каже ТАТО или МАМА!

Веќе се помиривме со судбината дека сме сами. Живееме еден за друг. Љубовта е голема како првиот ден. Сега живееме од денеска за утре. Не размислуваме за иднината, раскажува Зоран со солзи во очите.