Скопјанец земал возило на пробно возење, но не го платил, ниту го вратил

СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.Ј.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот се договорил со П.В. да го земе патничкото возило „мерцедес C350“ на проба, а потоа да му исплати 1.600.000 денари до крајот на декември 2020 година. Меѓутоа, до денот на пријавување на кривичното дело тој не го извршил плаќањето, избегнувал контакт, не одговарал на телефонските повици и не бил достапен.