
Скопјанец завршил во болница, откако извршувајќи работни задачи пред објектот на Македонска Филхармонија се здобил со повреди.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (16.12.2025) во 08:40 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавиле дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Р.Ј.(44) од село Никиштане, скопско, кој, според пријавеното, со повредите се здобил додека извршувал работни задачи пред објектот на „Македонската Филхармонија“ во Скопје.
Известен бил трудов инспектор.