Скопјанец за само 4 дена успеал да го пополни целиот албум на „Панини“

Само четири дена му беа потребни на скопјанецот Коста Димовски за да го пополни албумот Панини. 

Тој на Инстаграм профил се пофали со својот комплетем албум. 

Инаку продажбата на Панини албумот официјално започна во петокот, кога имаше редици од луѓе, заинтересирани за албум и сликички. Оваа година има голем интерес, бидејќи за прв пат и Македонија ја има во албумот и македонската репрезентација ќе е дел од Европското првенство.