Скопјанец возел пијан, направил сообраќајка па се обидел да бега

Вчера во 20 часот и 30 минути во Скопје, на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода, а кога полициски службеници се обиделе да извршат легитимирање на еден од учесниците, 37-годишниот И.В. од Скопје, истиот почнал да им се заканува и да им упатува погрдни зборови и пцовки.

Потоа лицето се дало во бегство. Од страна на полициските службеници И.В. бил приведен и било констатирано дека е под дејство на алкохол.

На местото на настанот сочинет е записник за констатирани прекршоци по чл.13 и чл.6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.