Скопјанец во контактибилна состојба изваден од Вардар

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 15,18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот помеѓу МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден К.В. (55) од Скопје кој бил во контактибилна состојба.

Од полицијата додаваат дека истиот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.