Уапсен скопјанец кој украл возило на битолчанка.
- На 06.11.2024 во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода А.Ѓ.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека одзел патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.Т.(58) од Битола, во кое имало пари, мобилни телефони и други предмети. Возилото било пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, стои во денешниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.