Скопјанец уценувал жена со компромитирачки фотографии

Маж од Скопје доби кривична пријава затоа што уценувал жена дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.

-СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, велат од МВР.

Како што соопшти МВР, во периодот од 17.03. до 21.03.2023, пријавениот, преку мобилна апликација, во повеќе наврати уценувал жена од Скопје дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде пари.