Скопјанец уценувал малолетничка дека ќе објави компромитичарки фотографии

Вчера Одделението за внатрешни работи Прилеп, 32-годишна жена од прилепско село пријавила дека нејзината малолетна ќерка била уценувана од лице од Скопје.

Според пријавеното, лицето го уценувало девојчето дека ќе објави нејзини фотографии на социјалните мрежи доколку не остварат средба.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.