Скопјанец уценувал девојка со компромитирачки фотографии

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Г.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “уцена”.

Во март 2016 година пријавениот се запознал со оштетената, а подоцна и  понудил работа во приватната клиника, а исто така и дополнително да ја вработи како домакинка кај службеник од амбасада.

По неколку дена оштетената на социјалната мрежа „Facebook“  прифатила понуда од профил за кој пријавениот и кажал дека е на негов пријател, кој ќе и помогне за работа. Откако почнале да се допишуваат истиот во повеќе наврати од нејзе побарал да му прати фотографии со компромитирачки материјал и откако ги добил истите започнал со закани и уцени со цел да не ги објави фотографиите оштетената требало да биде интимна со него при што за целото време истиот ја снимал со неговиот телефон.

Во Мај 2017 година и побарал 500 евра на  оштетената, со цел да не ги објави фотографиите и видеата на интернет, истата му дала 300 евра, но пријавениот продолжил со неговите уцени и закани.

На 18.05.2017 година, оштетената на пријавениот му дала 6.000 денари кои претходно биле технички обработени и фотографирани од страна на СВР Скопје, при што истиот е приведен и во неговиот телефон се пронајдени компромитирачките материјали.