Скопјанец уапсен за семејно насилство, полицијата дома му нашла два пиштола

На 20.06.2022 во 20.25 часот на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за насилен криминал, Одделение за семејно насилство при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(36) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“  по член 144 ст.2 и кривично дело „присилба“ по член 139 ст.2.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени идземени сигнален пиштол „eкол фирад магнум“ 9мм, сигнален пиштол „десерт еагле цал 11“ 9мм, две рамки, компензатор и сигнална муниција.

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен подне сок.